• понеделник, 23 декември 2024

Неопходна е тесна соработка меѓу јавниот и приватниот сектор за успешна енергетска транзиција

Неопходна е тесна соработка меѓу јавниот и приватниот сектор за успешна енергетска транзиција

Скопје, 7 ноември 2024 (МИА) - Неопходна е тесна соработка меѓу јавниот и приватниот сектор за успешна енергетска транзиција и вложување во долгорочни решенија и иновации коишто ќе ја зајакнат енергетката независност на државата, беше заклучено на втората конференција на Македонската асоцијација за обновливи извори (МАРЕС). 

На конференцијата учествуваа претставници на Владата, Регулаторната комисија за енергетика, МЕПСО, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како и домашни и странски експерти.

За време на конференцијата се разговараше за стратегиите до 2040 година и предизвиците за енергетска ефикасност и интеграција на обновливите извори, како и за пазарните механизми и финансиските модели потребни за забрзување на обновливите извори. Беа споделени и странски искуства во насока на важноста од стабилност и и транспаретност во финансиската поддршка за проектите од обновливи извори. Дел од конференцијата беа и дебатите за улогата на Министерството за енергетика во забрзувањето на декарбонизацијата и поддршката на климатите активности на државата. 

Конференцијата е реализирана со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), Европската банка за обнова и развој (EBRD), НЛБ Банка како и Шпаркасе Банка кои ја потврдија својата заложба за развој на зелени проекти и одржлив развој во регионот. бак/ац/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан