• петок, 15 ноември 2024

Неовластено тргувал со отпад, полицијата го документира случајот и најави пријава 

Неовластено тргувал со отпад, полицијата го документира случајот и најави пријава 

Кавадарци, 15 август 2024 (МИА) - Струмичанец неовластено тргувал со отпад, полицијата го документира случајот и најави пријава, информираа денеска од СВР Велес. 

- Вчера на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино затекнале товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(42) од Струмица. При преглед во возилото било утврдено дека А.Ш. неовластено врши тргување со отпад. Извршен бил увид и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес. 

Вчера  во 17.30 часот во ОВР Кавадарци, 35 – годишна жена пријавила дека на 11 август 2024 во Кавадарци, малолетник од Струмица, со кого нејзината малолетна ќерка била во врска, извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

- Вчера во 12.30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на крстосницата од ул.„Праведничка“ и ул.„Февруарски поход“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(38) и мопед управуван од З.Н.(56), двајцата од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци, информираа од СВР Велес. свд/


Фото : МИА архива 

Остани поврзан