• петок, 22 ноември 2024

Нема фаворит на Канскиот филмски фестивал пред вечерашново доделување на Златната палма

Нема фаворит на Канскиот филмски фестивал пред вечерашново доделување на Златната палма
Париз, 17 јули 2021 (МИА) - Да се избере меѓу 24-те филмови во официјалната конкуренција, нема да биде лесно за жирито со кое претседаваше американскиот филмски режисер Спајк Ли. Според сите филмски критичари, нема фаворит помеѓу филмовите, јави дописникот на МИА. Жирито на Канскиот филмски фестивал се состана денеска на непозната локација за да одлучи кој ќе ја освои престижната Златна палма, што вечерва ќе биде доделена. која ќе биде доделена рано вечерва (церемонија на затворање од 19 часот), епилогот на изданието што ќе го одржи очекувањето на сите љубители на филмот: да се слави, и покрај пандемијата, враќањето во киносалите и повторното собирање на светската кинематографија. Покрај Ли во жирито се и пејачката Милен Фармер или бразилскиот режисер Клебер Мендонча Филјо. - Во жирито секој има различно мислење. Им ветив на луѓето од жирито дека нема да бидам диктатор, дека ќе бидам демократ ... но до одреден момент, бидејќи ако жирито е поделено на четири на четири, јас одлучувам! Ќе се забавуваме, изјави претходно Ли. Меѓу филмовите кои најмногу ја обележаа Кроазетата, е „Вози го мој автомобил“, на јапонскиот режисер Рјусуке Хамагучи. Филмот е адаптација на расказ на Харуки Мураками. Вечерва ќе му се врачи почесна Златна палма на италијанскиот режисер Марко Белокио, кој по пет децении кариера, презентира многу личен документарец, „Маркс може да почека“. Канскиот филмски фестивал ќе биде затворен со проекцијата на најочекуваната француска комедија на летото „OСС 117, Црвена тревога во Црна Африка“, од Николас Бедос со Жан Дујардин, Пјер Нини и Фату Н’Диаје. тг/ми/

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан