• петок, 22 ноември 2024

Нема недостиг на крв, информираат од Службата за трансфузиона медицина Куманово

Нема недостиг на крв, информираат од Службата за трансфузиона медицина Куманово

Куманово, 13 август 2024 (МИА) - Нема недостиг на крв во Куманово, информираа денеска надлежните од Службата за трансфузиона медицина. Оттаму велат дека летово има повеќе потреба од крвни единици од различни причини, поголема раздвиженост, зголемен број на сообраќајни несреќи. Во градовите од државата има крв за сите служби и доколку има повеќе потреба може да се однесат од еден до друг град.

- Моментално, факт е дека бројот на резерви е намален но крв има. Резервите се намалени поради одредени причини, како зголемен број на сообраќајни незгоди, помалку има крводарителски акции во училишта, факултети, учениците, студентите се на распуст. Дополнителни првите шест месеци од 2023 и сега, 2.200 единици се потрошени повеќе оваа година, што значи дека е зголемен бројот на пациенти, изјави доктор Дритон Биљали од службата за трансфузиона медицина.

Во Куманово има редовни крводарители. Во моментов дел од студентите и помладите се на сезонска работа во странство. Тој повторно апелираше до младите да се вклучат во акции бидејќи е добро за здравјето и пред сè е хумано.

- Крводарители имаме редовни кои доаѓаат, нормално тече низ целата република, но младите заминуваат како сезонски работници, тие се потенцијални дарители кои сега не доаѓаат. Крв имаме само во овие летни месеци се намалени резервите. Затоа ги повикувам сите добронамерни луѓе да дојдат и да даруваат, повика доктор Биљали.

Системот го поддржува крводарителството, на оние кои се во работен однос им следуваат слободни работни дена, по десет пати дарување ослободени се од партиципации. Крводарувањето во одделот за трансфузија во Куманово се спроведува два пати неделно понеделник и четврток од 08:30 до 13 часот. ам/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан