Неколку пожари на подрачјето на кумановско, изминатово деноноќие
- Шест хектари површина гореле во кумановското село Јачинце, соопшти денеска регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Куманово, 26 јули 2023 (МИА) - Шест хектари површина гореле во кумановското село Јачинце, соопшти денеска регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Пожарот, како што наведуваат се случил во попладневните часови, зафатил, сува трева, стрниште и еден помошен објект. Во гасењето учествувале пожарникари од Куманово и од Старо Нагоричане.
Вчера, во Куманово горела и површина кај Спомен костурницата. Пожарникарите интервенирале во четири наврати во близина на Спомен костурницата. За пожарите кај оваа локација реагираа и кумановци. Пожарникарите гаселе пожар и во „Иго Тричковиќ“ каде гореле огревни дрва како и на ѓубриштето во населбата „Перо Чичо“. ам/ир
Фото: ТППЕ Старо Нагоричане