• понеделник, 23 декември 2024

Независниот кандидат Митревски вети уредување на патната инфраструктура во селските средини во Македонска Каменица

Независниот кандидат Митревски вети уредување на патната инфраструктура во селските средини во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 10 октомври 2021 (МИА) - Уредување на патната инфраструктура до секое маало, нови и реконструкција на постоечки асфалтни патишта во градската и сите селски средини, изградба на нови паркинзи. Ова се само дел од проектите на независниот кандидат за градоначалник на Македонска Каменица, Перо Митревски кој ги запозна граѓаните на Македонска Каменица со неговата програма во делот на инфраструктура. - Во таа насока во мојата програма предвидено е и уредување на канализациска мрежа како и изградба на пречистителни станици како во градот така и во селските средини и градот. Планирано е и уредување на нова водоводна мрежа и изградба на нови водоводни системи во селските средини, како и комплетно урбанистичко и инфраструктурно уредување во опфатот на градот и селата, истакна Митревски. Независниот кандидат додаде и дека ќе го зголеми бројот на колски и пешачки мостови на Каменичка Река. - Имаме предвидено и проект за осветлување на Кејот на Каменичка Река, како и решавање на проблемот со градските гробишта, додаде Митревски. Меѓу приоритетите, независниот кандидат за градоначалник на Македонска Каменицаз ја наброи и изградбата на нова административна зграда на Општината. Перо Митревски на претстојните локални избори настапува под број 113 и број 60 за советничката листа со носителот Дарко Гоцевски. вс/мс/

Остани поврзан