• петок, 05 декември 2025

Независниот кандидат за градоначалник на Струга, Ќира најави цивилизирана и граѓанска кампања без навреди кон политичките опоненти 

Независниот кандидат за градоначалник на Струга, Ќира најави цивилизирана и граѓанска кампања без навреди кон политичките опоненти 

Струга, 17 септември 2025 (МИА) - Независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга, Менди Ќира денеска на прес-конференција ја претстави својата визија и приоритети за развојот на општина Струга.

Тој вети цивилизирана и граѓанска кампања без навреди кон политичките опоненти, а тоа го побара и од неговите против кандидати, посочувајќи дека нема да се навраќа што било во минатото, туку ќе работи за иднината.

- Не сакам да се враќам назад да зборувам за минатото. Граѓаните знаат за минатото и ние ќе работиме за иднината, ќе го бараме гласот за иднината. Ќе зборуваме што ќе правиме ние, а не што направиле тие, рече Ќира.

Побара од управителите на јавните претпријатија и училиштата да не прават притисок кон вработените. 

- Имаме информации дека има притисок вработените да се занимаваат со политика. Се знае кој ќе е градоначалник од 19 октомври и овие институции треба да се деполитизираат, посочи Ќира. 

Доколку ја добие довербата од граѓаните, како приоритетни проекти ги најави проширување на патот село Мороишта - Струга, изградба на подземни паркинг места, целосна замена на азбестните цевки од водоводната мрежа, решавање на проблемот со кучињата скитници, ноќното осветлување, уредување на плажите... сс/вј/

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан