Независната угостителска комора одбележува две години постоење
- Независната угостителска комора - НУК денеска ќе одбележи две години од нејзиното основање.

Скопје, 20 мај 2022 (МИА) - Независната угостителска комора - НУК денеска ќе одбележи две години од нејзиното основање.
Од НУК соопштуваат дека изминатиот период од создавањето на комората до денес поминале период кога угостителската индустрија истрпи енормни штети и загуби како последица на пандемијата со Ковид-19.
- За тој период комората се соочуваше со предизвици како навреме и правилно да ја информира јавноста за новите правила, услови и ограничувања со кои се соочува во своето „не”работење и ги информира институциите за последиците и штетите што ги трпи од донесените несоодветни мерки. Сето тоа комората немаше да успее да го направи без пддршката на сите македонски медиуми, наведуваат од НУК.фф/са/