• петок, 22 ноември 2024

Неделникот Младина ја објасни кривичната пријава против словенечкиот министер за економија

Неделникот Младина ја објасни кривичната пријава против словенечкиот министер за економија
Љубљана, 26 јуни 2020 (МИА) – Редакцијата на словенечкиот неделник Младина го извести министерот за економија Здравко Почивалшек дека поради сомнеж за системска корупција во средата му поднесоа кривична пријавa, јави дописникот на МИА од Љубљана. Во текст објавен во најновиот број од неделникот се наведува дека медиумот има основани сомненија за корупција во која директно е вмешан Почивалшек, а се однесува за начинот на кој државата набавила голема количина заштитни маски и респиратори потребни за медицинските центри. - Со низа неправилности Почивалшек ја злоупотребил својата службена позиција за незаконски да се здобие со имот за себе и приватни компании, со што сторил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, казниво по член 257 од Кривичниот законик, пишува Младина. Инаку, министерот Почивалшек е во центарот на аферата за начинот на набавка на заштитни маски и респиратори, а тоа е и повод секој петок низ повеќе градови во Словенија да се одржуваат антивладини протести на кои се бара оставка на Владата на Јанез Јанша и распишување предвремени парламентарни избори. ав/

Остани поврзан