• понеделник, 23 декември 2024

Неделковски: Граѓаните на Гази Баба заслужуваат одговорен градоначалник бидејќи секој е важен

Неделковски: Граѓаните на Гази Баба заслужуваат одговорен градоначалник бидејќи секој е важен

Скопје, 6 ноември 2023 

Зошто после две години немаме ниту еден голем капитален проект од сферата на инфраструктурата, одвод, канализација, домови на култура кои беа ветени во предизборната кампања на градоначалникот Бобан Стефковски, прашува членот од редовите на Либерално- Демократската партија Влатко Неделковски.

-На само стотина метри од урбаниот дел, во 21 век се уште во Гази Баба имаме канали. Оваа дупка претставува извор на зарази и небезбеден премин за жителите на н.м Сингелиќ. Првата фаза на овој проект е завршена и треба да претставува парк со плоштад и хортикултурно и партерно уредување како и преместување на автобуската постојка на последна 45-ка со што ќе се олесни транспортот на луѓето од овој предел, додава тој.

Неделковски вели дека не сака да потенцира дека има селективно работење каде што граѓаните од албанска националност се маргинализирани, затоа што едноставно ништо не се работи во целата општина, а во недостиг на капитални и инфраструктурни решенија, секогаш е добро позната националистичката реторика.

-Да го потсетиме градоначалникот Бобан дека и Сингелиќ се наоѓа во општина Гази Баба, ако до сега не бил запознаен, впрочем и наназад 26 години колку што ВМРО ДПМНЕ е на локална власт во Гази Баба дека како што е важен Сингелиќ, важно е и Ченто. Важни се Колонија, Идризово, Маџари, Хиподром, Булачани, Раштак, Железара и Автокоманда и другите населени места.

Тој додава дека граѓаните на Гази Баба заслужуваат одговорен градоначалник, бидејќи секој е важен.

Либерално демократска партија, Влатко Неделковски

_______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан