• петок, 22 ноември 2024

Неготинец лишен од слобода, при претрес му биле пронајдени ,,карабини" без дозвола, како и машинки за изработка на патрони и пиротехнички средства 

Неготинец лишен од слобода, при претрес му биле пронајдени ,,карабини

Неготино, 7 септември 2024 (МИА) - Неготинец бил лишен вчера од слобода, при претрес му биле пронајдени „карабини“ без дозвола, како и машинки за изработка на патрони и пиротехнички средства, информираа денеска од СВР Велес.  

- Вчера во 09.45 часот во Неготино,  полициски службеници за криминалистички работи од ОВР Неготино го лишиле од слобода неготинецот С.Н.(49). Со наредба од Основен суд Кавадарци, полициски службеници за криминалистички работи од ОВР Неготино и ОВР Кавадарци извршиле претрес во неговиот дом во Неготино и во село Бојанчиште, кавадаречко.  Притоа биле пронајдени и одземени два карабина „застава“, кои ги поседувал без соодветна дозвола, две машинки за изработка на ловни патрони, две машинки за ставање и извлекување на иницијални каписли, комплетна опрема за изработка на ловни патрони, ловни патрони, куршуми и пиротехнички средства. С.Н. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.  

Како што информираа од СВР Велес, синоќа  во 19.10 часот во Полициска станица Неготино, В.П.(62) од овој град пријавил дека на улица „Индустриска“, бил физички нападнат од Д.П. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Од СВР Велес соопштија дека утринава во  04.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Љ.З.(39) од овој град, затоа што пред објект на градскиот плоштад, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон обезбедувањето на објектот. Љ.З. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан