• понеделник, 23 декември 2024

Невладиниот сектор понуди поддршка за лицата со попреченост во Гевгелија

Невладиниот сектор понуди поддршка за лицата со попреченост во Гевгелија
Гевгелија, 1 октомври 2021 (МИА) - Раководството на општинската организација на Црвениот крст од Гевгелија организираше работен состанок со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи и претставници на здруженијата кои ги застапуваат интересите на лицата со попреченост. На состанокот присуствуваа и лицата кои со финансиска подршка од буџетот на општина Гевгелија, преку обука за стекнување со вештини за помош на лицата од оваа категорија, се стекнаа со лиценци за нивни лични асистенти. Тие дури имаа можност да се запознаат и со позитивните искуства што со нив ги сподели едно лице кое веќе извесно време е давател на услугата личен асистент на две лица со попреченот. Од работниот состанок произлезе заклучок,во соработка со Меѓуопштинскиот центар во Гевгелија,да се изготви План за инклузија на лицата со попреченост како би се создале можности за нивно поквалитетно живеење и активно вклучување во современиот свет.им/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан