• понеделник, 23 декември 2024

Невакцинираните Грци над 60 години до недела имаат рок да се вакцинираат, во спротивно ќе платат казна  

Невакцинираните Грци над 60 години до недела имаат рок да се вакцинираат, во спротивно ќе платат казна   
Атина, 13 јануари 2022 (МИА) – Невакцинираните лица над 60-годишна возраст во Грција имаат уште неколку дена рок да ја примат првата доза за да ја избегнат казната од 100 евра месечно, со оглед на тоа што од 16 јануари стапува во сила одлуката за задолжителна вакцинација за конкретната старосна група, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите повтори дека оваа одлука е донесена од многу конкретни причини, „бидејќи девет од десет смртни случаи од Ковид ја погодуваат оваа возрасна група, седум од десет приклучени на апарати се постари од 60 години, а осум од десет интубирани лица се невакцинирани“. -Затоа, тоа е одлука која пред сè се однесува на заштитата на нивниот живот. Заштита на нивното здравје. Но, не постои задолжителност без последици за оние што ја игнорираат. Не постои изборна задолжителност. Затоа од 16 јануари ќе се применуваат санкциите предвидени со закон и ќе се изрекува административна глоба од 100 евра секој месец се додека нашите сограѓани над 60 години остануваат невакцинирани, истакна Иконому. Во однос на пандемијата, рече дека епидемиолошките податоци како во Европа, така и во Грција, „ни наметнуваат да бидеме во најголема можна готовност “ и затоа, додаде дека во овој момент, не може да има никакво олабавување на мерките, кои воедно, вчера беа продолжени за уште една седмица. ср/ссм/

Остани поврзан