• вторник, 30 април 2024

НБА: Шпанецот Фернандез нов тренер на Бруклин

НБА: Шпанецот Фернандез нов тренер на Бруклин

 

Њујорк, 24 април 2024 (МИА) – Шпанскиот кошаркарски стратег Жорди Фернандез е назначен денеска за нов тренер на НБА лигашот Бруклин.

Фернандез седнува на клупата на Бруклин од позицијата асистент тренер во Сакраменто.

Бруклин сезонава прв пат во последните шест години не успеа да обезбеди пласман во разигрувањето за титулата, со ефект од 32 победи и 50 порази.

Фернандез во 2023 година беше селектор на Канада со која го освои бронзениот медал на Светско првенство.

Бруклин не ја прецизираше временската рамка од договорената соработка со Фернандез. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан