• понеделник, 23 декември 2024

НБА планира да организира тренинзи за тимови кои не се натпреваруваат по рестартот на сезоната

НБА планира да организира тренинзи за тимови кои не се натпреваруваат по рестартот на сезоната
Вашингтон, 25 јули 2020 (МИА) – Раководството на најсилната кошаркарска лига во светот – НБА, планира да организира тренинг сесии за осум екипи кои не учествуваат во рестартирањето на сезоната во Орландо, објави „ЕСПН“. Според предвиденото, ќе се започне со една недела тренинг на домашните бази во текот на втората недела од август, по што ќе следат две недели групна обука организирана од два клуба кои не учествуваат во рестартирање на сезоната. Вториот сегмент ќе биде можен само со одобрување на синдикатот на играчите. Сезоната 2019/20 ќе продолжи на 30 јули во Орландо со 22 екипи. Голден стејт, Минесота, Шарлот, Чикаго, Њујорк, Детроит, Атланта и Кливленд не заминаа во спортскиот комплекс „Дизни Ворлд“ и токму овие осум екипи ќе бидат дел од тренинг-сесиите на НБА. зс/

Остани поврзан