НБА: Заврши одбраната на титулата за Бостон, Њујорк финалист на Истокот
- Кошаркарите на Њујорк се пласираа во финалето на Источната конференција во НБА лигата, откако синоќа убедливо го победија Бостон со 119-81 во шестиот натпревар од полуфиналната серија
Њујорк, 17 мај 2025 (МИА) – Кошаркарите на Њујорк се пласираа во финалето на Источната конференција во НБА лигата, откако синоќа убедливо го победија Бостон со 119-81 во шестиот натпревар од полуфиналната серија.
Тоа беше четвртата победа на кошаркарите на Њујорк, кои го елиминираа актуелниот шампион со 4-2 во серијата.
Ова е прво финале во Источната конференција за Њујорк по пауза од 25 години во кое противник ќе им биде Индијана.
Пред Бостон во полуфиналето, Њујорк во четвртфиналето го елиминираше Детроит.
Четворица играчи на Њујорк постигнаа повеќе од 20 поени, Ануноби (23), Брансон (23), Бриџис (22) и Таунс (21), додека Браун беше најефикасен кошаркар во редовите на Бостон (20). ег
ФОТО: Фејсбук