• сабота, 18 мај 2024

НБА го поништи трипл-даблот на Адетокунбо на натпреварот со Вашингтон

НБА го поништи трипл-даблот на Адетокунбо на натпреварот со Вашингтон

Вашингтон, 7 март 2023 (МИА) - НБА направи промени во статистиката на последниот натпревар на ѕвездата на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо, по што Гркот остана без трипл-дабл на дуелот со Вашингтон одигран пред два дена.

 

На Адетокунбо во последните секунди од средбата му недостигаше еден скок до трипл-дабл. Гркот намерно ја фрли топката во таблата за да ја добие потребната статистика. НБА ја преиспита ситуацијата и го поништи 10. скок на Јанис врз основа на тоа што кошаркарот не се обидел да го погоди обрачот.

 

Така, Адетокунбо за 36 минути има 23 поени, 9 скока и 13 асистенции.

 

Трипл-даблот ќе беше четврти сезонава за двократниот МВП, додека 13 асистенции е најдобриот резултат во тековното првенство. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан