• петок, 26 јули 2024

НБА го договори форматот на мини-турнир во средината на сезоната

НБА го договори форматот на мини-турнир во средината на сезоната
Вашингтон, 10 септември 2022 (МИА) - Деталите за проектот за мини-турнир во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА, во сезоната 2023/24 станаа познати, објави  инсајдерот на „Атлетик“, Шамс Чаранија./ Актуелната верзија вклучува нокаут куп турнир што ќе се одржи во ноември. Резултатите од првите кола на мини-турнирот ќе се бројат во регуларниот дел. Сепак, од четвртфиналето резултатите на најдобрите осум екипи нема да се важат во првенството. Паричната награда за победниците и форматот на решавачките натпревари ќе бидат одредени подоцна. Наскоро проектот ќе биде договорен со Синдикатот на играчите. зс/

Остани поврзан