• понеделник, 23 декември 2024

НБА-лигата во наредните 2-4 недели ќе донесе одлука дали ќе ја обнови сезоната

НБА-лигата во наредните 2-4 недели ќе донесе одлука дали ќе ја обнови сезоната
Вашингтон, 13 мај 2020 (МИА) - Комесарот на НБА, Адам Силвер, наскоро ќе одлучи дали сезоната 2019/2020 ќе биде продолжена. Според инсајдерот на „Атлетик“, Шамс Чаранија, Силвер има намера да донесе одлука во наредните 2-4 недели. Од друга страна, инсајдерот на ЕСПН, Адријан Војнајровски, рече дека во вторникот Силвер одржа видеоконференција со членовите на Управниот одбор на лигата. Според изворот, учесниците на конференцијата биле оптимисти за евентуалното продолжување на сезоната. Сезоната 2019/2020 година во НБА е суспендирана поради коронавирус. Од 8 мај, лигата дозволи отворање објекти за тренинзи лоцирани во држави со ослабен режим на самоизолација. зс/

Тагови

Остани поврзан