• петок, 22 ноември 2024

На 22 мај во Струга ќе се одржи втората „Трка на поезијата“

На 22 мај во Струга ќе се одржи втората „Трка на поезијата“
Струга, 12 јануари 2022 (МИА) – Под слоганот „Трчаме рецитираме“ на 22 мај годинава во Струга ќе се одржи втората „Трка на поезијата“. Ова беше потврдено на денешната средба на претставници од организацискиот одбор со градоначалникот Рамиз Мерко. - Овој настан е од големо значење за спортот во градот и околината. Од оваа година „Трка на поезијата“ ќе има интернационелен карактер. Струга ќе биде домаќин на голем број успешни спортисти, атлетичари и спортски работници, како од нашата земја така и од другите држави, истакна Мерко. Целта на манифестацијата, нагласи, е да се подигне свеста на луѓето за важноста на физичката активност, како и промоција на спортот и трчањето. Слоганот „Трчаме рецитираме“, според организаторите, ја кажува поврзаноста на спортот и она што е препознатливо за Струга, а тоа е поезијата. На годинашното издание на „Трка на поезијата“ ќе се трча на пет километри - трка од рекреативен карактер, 10 километри – со натпреварувачки карактер и детска трка со должина од еден километар. сс/мс/

Остани поврзан