• петок, 22 ноември 2024

На 11. „Watch Out“ во Тетово ќе бидат прикажани 34 филмови

На 11. „Watch Out“ во Тетово ќе бидат прикажани 34 филмови

Тетово, 20 јуни 2023 (МИА) - Вкупно 34 филмови и пет работилници за филм, култура и активизам, ќе бидат дел од 11. филмски фестивал „Watch Out“ што ќе се одржува во Тетово од утре до сабота, 24 јуни.

Како што информираа претставниците од Центарот за балканска соработка „Лоја“, проекциите на филмовите ќе бидат на отворено, во амфитеатарот во дворот на Музејот на Комунистичката партија во Тетово.

Ова издание на фестивалот, беше речено, има за цел да го врати гласот на активизмот преку уметноста во јавниот простор.

- Со филмови од целиот свет, ќе се прикаже разновидноста на киното и неговата убавина. Изданието на овој фестивал ќе биде во духот на активизмот и ќе ја охрабри борбата за правата и зачувување на јавниот простор и општествата, рече Бујар Љума, додавајќи дека веќе 23 години Центарот „Лоја“ работи во областа на културата и се обидува да ја пополни празнината кога станува збор за ваков вид настани.

На филмскиот фестивал се пријавиле 850 филмови од 85 земји. За победниците одлучувало жирото на фестивалот во состав: Фабијан Лангер, Ѓорѓе Јовановиќ и Арбен Жарку.

- Во категоријата документарен филм стручно жири за победник го прогласи филмот „Познат странец“ од Адишни Матиаланган од Сингапур. Кај експерименталните филмови победи „Ние сме Земјата“ од Зое Росе од Франција и во категорија кратки филмови победник „Чисто и добро осветлено место“ (Un lugar limpio y bien iluminado), од авторот Нелсон Урданета од Аргнетина /Венецуела, истакна Егзона Муслиу.

Во случај на дожд, проекциите ќе бидат организирани во „Лоја“. Сите филмови ќе бидат прикажани во оригинална верзија, со превод на англиски јазик. ас/мч/

фото МИА 

 

Остани поврзан