На штипскиот Економски факултет одбележан Денот на денарот, според научната фела стабилен е и нема опасност од девлвација
- Денарот е стабилен и во време на висока инфлација, не постои опасност од девалвација на нашата валута, изјави универзитетскиот професор Стеван Габер од Економскиот факултет при УГД Штип.
Штип, 29 април 2025 (МИА) - Денарот е стабилен и во време на висока инфлација, не постои опасност од девалвација на нашата валута, изјави универзитетскиот професор Стеван Габер од Економскиот факултет при УГД Штип. По повод одбележувањето на Денот на македонскиот денари денеска на Економскиот факултет предавање пред студентите одржа директорката на УЈП, Елена Петрова, а на кое присусвуваат професори, меѓу кои и Габер. Тој посочи дека фиксниот курс на денарот врзано за еврото овозможува долги години да имаме стабилна монетарна политика.
-Очигледно дека фиксниот курс на денарот врзано за еврото ни овозможува долги години да водиме една монетарна стабилна политика и нормално централната банка си ја врши својата работа, за разлика од порано кога имало економски шокови, кои што влијаеле и ја теситрале токму способноста на централната банка. Овој изминат период можеме да кажеме дека тоа не се случува, што значи дека имаме една смирена ситуација и нема посебни стресови и од тој аспект можам да кажам дека денарот е стабилен и со оглед на тоа каква ни е економската состојба во државата мислам дека идеално решение во поглед на тоа каква политика треба да се води, рече Габер.
Прашан за ефектите за царините на САД, неговите препораки водат кон тоа да има преговори за да се услогласат тарифните политики.
-Секако го пореметуваат мегународната трговија, претставува голем удар за глобализацијата, како еден феномен кои што засилено се шири, се пробива низ светски рамки. Ние како млада држава, која што нема толку голема отвореност и изложеност со САД не би требало да имаме толку големи негативни ефекти, но секако препораката би одела во насока да преку ова што сега го прави владата, преговори со понатамошната администрација да се договорат и да усогласат тарифните политики во тој дел. Не можеме со непријателски економски политки да градиме отворен мегународен економски систем, вели Габер.
Нашите банкноти имаат симболи кои го изразуваат богатото македонско културно, историско и природно наследство. Пред студентите денеска предавање имаше директорката на Управата за Јавни приходи, Елена Петрова. Таа во изјава за медиумите рече ако некогаш УЈП беше перцепирана дека врши контроли и сее страв, денеска современата УЈП е препозната како подржувач на граѓаните.
-Денес на овој настан што го организира УГД во чест на Денот на денарот имам чест и задоволство да се обратам пред студентите и секако ќе зборувам УЈП за историјатот и создавањето на УЈП. Историскиот развој на УЈП значи воедно и развој и трансформација на перцепцијата што ја имаат даночните обврзници за УЈП и ако во минатото пред некои 30 тина година УЈП беше перцепирана од даночните обврзници дека врши контрола и сее страв, денеска современата УЈП е препознаета како сервис на фирмите и граѓаните за поддршка, помош и информирање со цел да имаме навремено плаќање на даноците, рече Петрова. вдј/
Фото: МИА