• петок, 22 ноември 2024

На протести во Чиле приведени четворица пчелари

На протести во Чиле приведени четворица пчелари
Сантјаго, 4 јануари 2022 (МИА) - На вчерашните протести пред претседателската палата во главниот град на Чиле, Сантјаго приведени се четворица пчелари, а седум полицајци биле каснати од пчели и побарале лекарска помош. Пчеларството во Чиле е погодено од долготрајна суша, што трае од 2010 година. Пчеларите побараа помош од државата, како и средба со претседателот на Чиле, Себастијан Пинеро. Пчеларите пред претседателската палата поставија околу 60 кошници со околу 10.000 пчели. Претсатвник на чилеанското Министерство за земјоделство изјави дека Владата повеќе месеци им помага на 20 заедници кои се погодени од сушата. Сушите и зголемувањето на температурите поради климатските промени ја загрозуваат светската популација на пчели. Во студија од 2020 година објавена во списанието „Сајнс“ (Science) се наведува дека популацијата на пчели во една генерација се намалила за околу 50 проценти во Северна Америка и за 17 отсто во Европа. ми/

Остани поврзан