• петок, 22 ноември 2024

На привремениот премиер на Бангладеш, нобеловецот Јунус, суд му поништи пресуда и тој се враќа дома од прогонство

На привремениот премиер на Бангладеш, нобеловецот Јунус, суд му поништи пресуда и тој се враќа дома од прогонство

Дака, 7 август 2024 (МИА) - Судот во Бангладеш денеска му ја укина пресудата на привремениот премиер Мухамед Јунус во случај поврзан со кршење на законот за работни односи, изјави неговиот адвокат.

Британските медиум јавија дека Јунус беше ослободен од притвор со кауција, откако во јануари беше осуден на шест месеци затвор поради тоа што не создал социјален фонд за вработените во неговата компанија „Грамин Телеком“.

Тој денеска на новинарите им изјави дека со нетрпение очекува да се врати во земјата и да се подготвува за иднината, откако во текот на неодамнешните протести беше принуден од поранешната премиерка, Шеик Хасина, да го напушти Бангладеш.

-Со нетрпение очекувам да се вратам дома и да видам што се случува и како можеме да се организираме за да излеземе од тешката ситуација во која се наоѓаме, рече тој на парискиот аеродром „Шарл де Гол“, каде што чекаше лет за Дака.

Премиерката Шеик Хасина во понеделникот поднесе оставка и побегна во странство поради насилните немири против нејзината влада, како и неколку министри во поранешната влада.

Хасина го напушти Бангладеш во понеделникот по 15 години минати на власт во знак на протест против системот на квоти за доделување владини работни места, а добитникот на Нобеловата награда за мир Мухамед Јунус ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш до следните избори.сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан