На првиот ден од пописот, попишани 94.975 лица, 28.594 домаќинства и 37.544 станови
- На првиот ден од пописот вкупно попишани се 94.975 лица, 28.594 домаќинства и 37.544 станови, информираат денеска од Државниот завод за статистика.

Скопје, 6 септември 2021 (МИА) - На првиот ден од пописот вкупно попишани се 94.975 лица, 28.594 домаќинства и 37.544 станови, информираат денеска од Државниот завод за статистика.
Можноста за самопопишување на лица во странство, до денеска во во 07:30 часот, ја искористиле - 191.550 лица.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна вчера ќе трае до 30 септември. аа/са/