• понеделник, 04 ноември 2024

На првиот ден од кампањата, вакцинирани над 72.000 деца во Појасот Газа против детска парализа

На првиот ден од кампањата, вакцинирани над 72.000 деца во Појасот Газа против детска парализа

Газа, 2 септември 2024 (МИА) - Во првиот ден од кампањата за вакцинација против детска парализа во централниот дел на Појасот Газа беа вакцинирани над 72.000 деца.

Портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф ал-Кудра, изјави дека граѓаните покажале голем интерес за вакцинацијата на деца под десет години, која се спроведува од страна на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA).

Ал-Кудра истакна дека во центрите за прифаќање, на главните улици и на пунктовите за вакцинација работат 470 здравствени работници.

Според Министерството за здравство во Газа, првиот ден од вакцинацијата во централниот дел на енклавата биле вакцинирани 72.611 деца.

Целта на вакцинацијата против детска парализа е да бидат опфатени над 600.000 деца на возраст под десет години во Појасот Газа.

Светската здравствена организација објави дека вакцинациите во Деир ал-Белах, кој се наоѓа во централниот дел на Појасот Газа, ќе продолжат до 4 септември.

Вакцинацијата против детска парализа за деца под десет години започна во градот Кан Јунис на југот на Појасот Газа, каде што продолжуваат израелските напади.ссм/

фото: архива

Остани поврзан