• понеделник, 23 декември 2024

На Попова Шапка најниска температура и најмногу дожд

На Попова Шапка најниска температура и најмногу дожд

Скопје, 10 септември 2024 (МИА) - На Попова Шапка утрово се измерени 10 степени Целзиусови, а во изминатите 24 часа до 08 часот наврнале 59 литри на метар квадратен воден талог. 

Во Лазарополе и Маврови Анови се измерени 11 степени, 14 во Охрид, Дебар и Крушево, 16 Претор и Крива Паланка, 17 Скопје-Зајчев Рид Битола, Тетово, Прилеп, Виница и Куманово, 18 Струмица, Штип, Велес и Кавадарци, 19 Скопје-Петровец, Демир Капија и Гевгелија.

Како што информираа од УХМР до 08 часот во Маврови Анови и Лазарополе наврнати се 40 литри на метар квадратен, 36 во Тетово, 35 во Дебар, 31 Претор, 23 Охрид, 17 Скопје-Зајчев Рид, Крушево, 10 Скопје-Петровец, 9 Прилеп, 8 Куманово, 7 Велес, Тополчани, 6 Битола, 3 Кавадарци, 2 Крива Паланка, Демир Капија, Штип, Виница, Пожар, 1 Струмица, Гевгелија.

Во текот на ноќта и утрово времето е облачно со врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Времето денеска ќе биде облачно и свежо, наместа нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Локално врнежите ќе бидат поинтензивни (над 30 l/m2) проследени со грмежи. Максималната температура ќе достигне од 19 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2) и појава на грмежи. Максималната температура ќе достигне до 22 степена. цр/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан