На патот Отешево - Сирхан поради одони сообраќајот се одвива во една лента
- На патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на пат, сообраќајот се одвива во една сообраќајна лента, информира вечерва АМСМ.
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - На патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на пат, сообраќајот се одвива во една сообраќајна лента, информира вечерва АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ев/
ФОТО: Архива