На патниот правец А1 во тунелот кај Катланово, сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лената
- На патниот правец А1 Велес – Катланово, во тунелот Катланово денеска ќе се изведуваат градежни работи на пат и сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента, известуваат од ЈП „Македонијапат“.

Скопје,29 декември 2023 (МИА) - На патниот правец А1 Велес – Катланово, во тунелот Катланово денеска ќе се изведуваат градежни работи на пат и сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента, известуваат од ЈП „Македонијапат“.
На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење, приспособување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената патна сигнализација. ир/са/
Фото: МИА архива