• среда, 18 декември 2024

На огласот за избор на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје пријавени тројца кандидати

На огласот за избор на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје пријавени тројца кандидати
Скопје, 27 октомври 2022 (МИА) – На огласот за избор на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје пријавени се тројца кандидати, постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи, како и Бурим Рустеми и Фатиме Фетаи. Претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски, појасни дека огласот завршил минатата недела и веќе се испратени барања до надлежните обвинителствата да извршат оценување за да се премине на следната фаза. - За сите пријавени на огласите кои ги имавме објавено пуштени се барања до обвинителствата да извршат оценувања за да можеме да преминеме на следната фаза, со тие кои немаме остварено интервјуа, да ги извршиме за да стекнеме одреден впечаток. Сепак се јавуваат за шефовски места и да ја закажеме седницата во најскоро време, бидејќи мандатот им истекува на 14 ноември и да не се доведеме во ситуација да треба в.д., изјави Јолевски. Според него, до 7 ноември треба да заврши постапката за избор на шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во меѓувреме да се добијат известувањата и за останатите пет основни обвинителства, за да се заврши постапката и за нив, бидејќи се објавени во исто време. аа/са/

Остани поврзан