• недела, 22 декември 2024

На МВС порачаа специјално белгиско сирење

На МВС порачаа специјално белгиско сирење
Хјустон, 2 април 2021 (МИА) - Американската физичарка Шенон Вокер која се наоѓа во екипажот на Меѓународната вселенска станица (МВС) повеќе од четири месеци, побара да ѝ биде испратено од нејзиното омилено белгиско сирење. Шенон Вокер, која сега е во Земјината Орбита по вторпат, од декември двапати побара да ѝ испратат од сирењето „Румбеке Кристал Олд Фармдејл “, чиишто оригинални погони се наоѓаат во Фландрија (Белгија). Се работи за тврдо, зачинето сирење, со големи зрна сол, а се произвдува и во Хјустон, Тексас. Ракетите со храна, гориво и опрема редовно ја снабдуваат МВС чијшто екипаж вообичаено прима само основна храна, најчесто во сушен облик и без вкус. Сепак, можни се исклучоци, а астронаутите понекогаш можат да ја побараат и својата омилена заккуска. Таа, инаку, е доктор по физика, стручак за роботика и системи на МВС. Родум е од градот Хјустон, каде што е центарот на НАСА. Производителот на тоа сирење, Луис-Филип Девер, истакна дека е воодушевен и горд бидејќи никогаш не ни помислувал дека неговиот производ ќе стигне до Вселената. Шенон Вокер првпат престојуваше во Земјината Орбита во 2010 година, и тоаш остана 163 дена. Повторно отиде во ноември лани и сега треба да остане вкупно 210 дена на МВС.  си/

Остани поврзан