• недела, 22 декември 2024

На крунисувањето на кралот Чарлс не се поканети лидерите на седум земји

На крунисувањето на кралот Чарлс не се поканети лидерите на седум земји

Лондон, 3 мај 2023 (МИА) - Велика Британија не испратила покани за церемонијата на крунисување на кралот Чарлс до лидерите на Русија, Белорусија, Иран, Мјанмар, Сирија, Авганистан и Венецуела, изјави за локални медиуми неименуван извор.

Според него, на крунисувањето биле поканети шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии.

Кога станува збор за Северна Кореја и Никарагва, поканите биле испратени до високи дипломати, а не до шефови на држави.

Кралот Чарлс ќе биде крунисан во сабота на 6 мај. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан