• петок, 05 декември 2025

На Кварацхелија ќе му биде доделен орден во Грузија за освојување на Лигата на шампионите

На Кварацхелија ќе му биде доделен орден во Грузија за освојување на Лигата на шампионите

Тбилиси, 3 јуни 2025 (МИА) - Грузискиот премиер Иракли Кобахиџе објави дека играчот од средниот ред на ПСЖ, Квича Кварацхелија ќе биде одликуван со орден „Свети Ѓорѓи“ за освојување на Лигата на шампионите.

- Имаме традиција, кога нашите спортисти ќе го достигнат врвот, им доделуваме високи државни награди и мислам дека освојувањето на Лигата на шампионите е токму таков успех што заслужува такво признание, изјави Кобахиџе за тамошните медиуми.

Грузискиот премиер го смета успехот на Кварацхелија за победа на целата земја. Тој истакна дека орденот ќе биде доделен и на поранешниот фудбалер и градоначалник на Тбилиси, Каха Каладзе и двократниот шампион во НБА со Голден Стејт, Заза Пачулија.

Во сабота, 31 мај, ПСЖ го совлада Интер во финалето на Лигата на шампионите (5:0). Дваесет и четиригодишниот Кварацхелија постигна гол на овој натпревар.

Фудбалерот им се приклучи на парижаните во јануари годинава. Тој одигра 25 натпревари за ПСЖ постигнувајќи шест гола и седум асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан