• петок, 15 ноември 2024

На „Инвеститорискиот ден“ склучени најголем број трансакции годинава

На „Инвеститорискиот ден“ склучени најголем број трансакции годинава
Скопје, 13 септември 2021 (МИА) - На Македонската берза денеска се одржа „Инвеститорски ден“ на кој се склучија вкупно 262 трансакции што е најголем број на склучени трансакции во еден ден годинава. Инвеститорискиот ден се организира втора година по ред, а на овој ден сите домашни физички лица имаа можност да тргуваат со акции без да ги платат провизиите кон Берзата, Централниот депозитар на хартии од вредност и овластените пазарни учесници во износ на остварен промет до 10.000 евра. - Вкупниот промет од тргување во БЕСТ системот со акции денес надмина 640 илјади евра, односно изнесува околу 40 милиони денари што е зголемување за повеќе од 45 проценти во споредба со просечниот дневен промет во БЕСТ во 2021 година. Дополнително, денес во БЕСТ системот на Берзата се внесени вкупно 432 налози за тргување, што претставува најголем број на внесени налози во берзанскиот систем за тргување во текот на оваа година, информира Македонската берза. Оттаму посочуваат дека вториот најголем број на трансакции на дневно ниво оваа година изнесува 216 трансакции, а просечниот дневен број на трансакции 84. Во иницијативата „Инвеститорскиот ден“ вклучени се осум од вкупно десет членки на Берзата (Еурохаус, Инвестброкер, Комерцијална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка Скопје, ТТК Банка, Фершпед брокер и Шпаркасе Банка Македонија) и Централниот депозитар за хартии од вредност. Иницијативата има поддршка и од Комисијата за хартии од вредност. бак/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан