• среда, 20 ноември 2024

На Евро 2024 ќе користи топка што ќе сигнализира играње со рака

На Евро 2024 ќе користи топка што ќе сигнализира играње со рака

Лондон, 5 декември 2023 (МИА) - На Европското првенство во 2024 година ќе се користи топка со висока технологија од компанијата „Адидас“.

Според „ The Times“, топката ќе биде опремена со микрочип што ќе помогне да се утврди дали е користена рака при нападите кога ќе биде постигнат гол. Овој систем ќе работи заедно со технологијата за следење на екстремитетите, која овозможува создавање на 3D визуелни слики на играчи во реално време.

Микрочипот ќе го бележи и точното време на удар на топката, што ќе им помогне на судиите да утврдат дали имало офсајд.

Евро 2024 ќе се одржи во Германија од 14 до 14 јуни 2023 година. Натпреварите ќе се играат во 10 градови. На завршниот турнир ќе учествуваат 24 репрезентации. зс/

Фото: Фејсбук „UEFA“

Остани поврзан