• петок, 22 ноември 2024

На граничните премини во Албанија годинава одземени непријавени 1,1 милион евра

На граничните премини во Албанија годинава одземени непријавени 1,1 милион евра
Тирана,10 август 2020 (МИА) - Албанските царинарници во изминатиот период од годинава спречиле обид за нелегално внесување на 1,1 милион евра. Само во месец јули и првите денови од август биле одземени 345.000 евра, фунти и швајцарски франци, додека во првите шест месеци над 800.000 евра. Само во еден случај одзмени се пола милион евра од лице кое пристигнало од Италија. Случаите се регистрани на меѓународниот аеродром во Тирана, на пристаништето Драч, како и на преминот Морина на границата со Косово и премините Какавија и Капштица на границата со Грција. За сите овие случаи на непријавување на парични средства на граничните премини покрената е соодветна постапка против повеќе од 20 лица. - Овој растечки тренд на обиди да се донесат непријавени пари во нашата земја е поврзано со фискалната амнестија што се очекува да биде изгласана набрзо, па иселениците ја избраа летната сезона да донесат пари во Албанија, потврдуваат од полицијата за Ора њуз телевиизја. Според истиот извор освен пари, запленети се и многу други вредни предмети, како доказен материјал. вт/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан