• сабота, 23 ноември 2024

На вториот ден од Егзит полицијата пронајде дрога кај 53 лица

На вториот ден од Егзит полицијата пронајде дрога кај 53 лица
Нови Сад, 9 јули 2022 (МИА) – Полицијата на вториот ден од музичкиот фестивал Егзит во Нови Сад заплени разни видови наркотици од 53 лица против, кои ќе бидат поднесени кривични пријави, јави дописникот на МИА. - Припадниците на МВР во вториот ден од Егзит запленија различни видови наркотици од вкупно 53 лица, а 19 лица се уапсени, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во него се додава дека кај приведените лица била пронајдена помала количина марихуана, кокаин, екстази како и други психоактивни супстанции. Според соопштението, кај 46 лица дрогата е пронајдена на подрачјето на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, каде се одржува фестивалот. Против сите осомничени ќе бидат поднесени кривични пријави, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неовластено држење опојни дроги. Полицијата на првиот ден од фестивалот Егзит кај 34 лица запленила повеќе од шест килограми различни видови наркотици. Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Нови Сад, по наредба на министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, продолжуваат со интензивирање на контролата на просторот каде што се одржува фестивалот Егзит. об/ми/

Остани поврзан