• понеделник, 04 ноември 2024

На „Богородица“ и „Табановце“ зголемен интензитет на сообраќај

На „Богородица“ и „Табановце“ зголемен интензитет на сообраќај

Скопје, 27 јули 2024 (МИА) - На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ интензитетот на сообраќај е зголемен, а на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мд/мч/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан