• четврток, 26 март 2026

На Балканијадата во Романија бронза за Дарјан Павлев

На Балканијадата во Романија бронза за Дарјан Павлев

Кочани, 10 октомври 2025 (МИА) - Дарјан Павлев го освои 3-то место во категоријата до 68 кг на Балканското првенство во борење слободен стил  во конкуренција на натпреварувачи до 15 години, што се одржува во Клуж, Романија (06–12.10.2025). Ова е прв медал после речиси десет години за натпреварувач на БК „Спартак“ од Кочани, освоен на поголемо меѓународно натпреварување.

Во 1/8 финале, Дарјан славеше победа против Албанецот, Доменико Дуниша, во 1/4 финалето беше поразен од Бугаринот, Петко Саракостов. Во репасаж брбите забележа сигурна победа против Романецот, Андреи Станила.

Во борбата за бронзениот медал, Дарјан победи со туш уште еден Романец - Абел Кашко!

Пред Балканското првенство Дарјан имаше неколку повреди, меѓу кои и фрактура на прст на раката, сепак, тој со својата истрајност и упорност, со неверојатна решителност успеа да донесе бронзен медал во Македонија.


Ова е прв медал по речиси десет години за натпреварувач на БК „Спартак“ од Кочани од поголемо меѓународно натпреварување. ис/вг/

фото: фб профил на БК „Спартак“

 

Остани поврзан