• четврток, 21 ноември 2024

На атинското пристаниште откриени над 100 килограми кокаин во контејнер со смрзнати лигни од Перу за Хрватска

На атинското пристаниште откриени над 100 килограми кокаин во контејнер со смрзнати лигни од Перу за Хрватска

Атина, 28 мај 2024 (МИА) – На атинското пристаниште Пиреас, во контејнер со легална пратка замрзнати лигни, со потекло од Перу, а наменета за Хрватска, биле пронајдени речиси 110 килограми кокаин, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од грчката полиција, надлежните органи за борба со дрога во периодот од 23 до 27 мај 2024 година, во рамките на оперативна акција за откривање дрога, извршиле проверка на 13 контејнери на пристаништето што пристигнале од земји од Латинска Америка.

Во едниот од нив, во оној со замрзнати лигни, биле откриени 100 пакувања во кои имало 109 килограми и 600 грама кокаин.

Во четвртокот, како што објави МИА, грчката полиција разби меѓународна криминална група активна во увоз и трговија на кокаин од Латинска Америка, при што беа откриени 210 килограми кокаин и упасени четири лица. ср/сд/

Фото: Грчка полиција

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан