• недела, 22 декември 2024

На автопатот Куманово - Скопје - Велес 119 санкции за брзо возење

На автопатот Куманово - Скопје - Велес 119 санкции за брзо возење
Скопје, 3 октомври 2021 (МИА) - Вкупно 119 возачи се санкционирани денеска на автопатот Куманово - Скопје - Велес поради брзо возење, соопшти МВР. Од нив, 27 возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а еден со дури над 70 километри на час над дозволеното. -Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелира МВР. мч/дма/

Остани поврзан