• среда, 17 јули 2024

На автопатот ГП Табановце-Куманово приведен криумчар на мигранти

На автопатот ГП Табановце-Куманово приведен криумчар на мигранти

Скопје, 19 октовмри 2023 (МИА) - На автопатот Граничен премин Табановце- Куманово, синоќа во 19.50 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Д.С.(23) од Гевгелија.

При преглед во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, информираа денеска од МВР, биле пронајдени четири лица мигранти од Непал.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан