• четврток, 11 декември 2025

Најстудено утрово е во Битола, најтопло во Крушево

Најстудено утрово е во Битола, најтопло во Крушево

Скопје, 11 декември 2025 (МИА) - Најстудено утрово е во Битола -3 степени Целзиусови, -2 се измерени во Скопје – Петровец, Берово и Струмица, -1 во Тетово, Демир Капија и Велес, 0 во Скопје–Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Прилеп, Mаврови Анови и Гевгелија, 1 во Куманово, 2 во Крива Паланка, Охрид, Претор и Виница, 4 во Попова Шапка и 5 во Kрушево, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Претпладне наместа има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 13 степени. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан