• петок, 05 декември 2025

Најстудено утрово во Скопје - 2, во текот на денот од 7 до 13 степени

Најстудено утрово во Скопје - 2, во текот на денот од 7 до 13 степени

Скопје, 30 ноември 2025 (МИА) - Најниска температура утрово е измерена со во Скопје - Петровец - 2 степени, во Штип, Струмица, Крушево, Маврови Анови - 1, додека во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Велес, Демир Капија нула степени. 

Во Виница, Берово се измерени еден степен, во Прилеп и Кавадарци два степени, во Тетово, Охрид, Претпор и Битола три степени и во Гевгелија пет степени. 

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени. ев/ац/

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан