• недела, 22 декември 2024

Најстудено во Берово, најмногу дожд во Лазарополе

Најстудено во Берово, најмногу дожд во Лазарополе

Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) - Најстудено утрово е во Берово со измерени 4 степени Целзиусови, додека со 13 степени најтопло е во Демир Капија.

Во Лазарополе утрово се измерени 5 степени, 7 Крива Паланка, 8 Тетово, Битола, Струмица и Попова Шапка, 9 степени во Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Прилеп, Штип и Маврови Анови, 10Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Дебар, Велес и Кавадарци, 11 степени во Гевгелија, Крушево и 12 степени во Виница.

Од УХМР информираат дека во изминатите 24 часа до 08 часот наврнало 5 литри на метар квадратен дожд во Лазарополе, 4 во Охрид и Дебар, а 1 литар на метар квадратен во Маврови Анови, Претор и Штип.

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно, утрово е претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Дува слаб, на повисоките места умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне во делови од котлината со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 23 степени. цр/вг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан