Најраните знаци на Алцхајмеровата болест може да се видат во очите
- До мигот кога помнењето и однесувањето се засегнати, болеста е веќе напредната, според наводите. Наодите се евидентни и кај луѓе без минимални когнитивни симптоми.
Лос Анџелес, 27 март 2023 (МИА) - Почетните знаци на Алцхајмеровата болест може да се појават во окото на пациентот, посочуваат најновите истражувања во САД.
Стручњаци од Институтот за невродегенеративни болести во Бока Ратон, Флорида, и Медицинскиот центар „Седарс-Синај“ во Лос Анџелес, Калифорнија, испитувале како окото може да помогне во дијагностицирањето Алцхајмерова болест пред да се појават симптомите. Научниците собраа примероци од ретината и од мозочното ткиво од 86 лица кај кои се појавило тоа заболување.
До мигот кога помнењето и однесувањето се засегнати, болеста е веќе напредната, според наводите. Наодите се евидентни и кај луѓе без минимални когнитивни симптоми.
- Нашето истражување е прво што обезбеди длабински анализи на протеинскиот профил и молекуларните, клеточните и структурните ефекти на Алцхајмеровата болест врз човечката ретина и како тие одговараат на промените во мозокот и когнитивната функција. Овие промени во мрежницата се поврзани со промени во деловите на мозокот одговорни за помнењето, движењето и перцепцијата на времето, изјави авторката на трудот, Маја Коронио-Хамауи, професорка по неврохирургија и биомедицински науки во „Седарс“.
Ако лекарите ја идентификуваат болеста во нејзините најрани фази, се вели, луѓето потоа би можеле порано да се сосредоточат на здрав начин на живот и да ги контролираат факторите на ризик, како што се висок крвен притисок, холестерол или шеќер, посочува истражувањето. си/сд/