• сабота, 08 март 2025

Најниска температура измерена во Берово - 6 степени, дневната во земјава ќе се движи од 17 до 23 степени

Најниска температура измерена во Берово - 6 степени, дневната во земјава ќе се движи од 17 до 23 степени

Скопје, 8 март 2025 (МИА) - Најниска температура утрово е измерена во Берово - 6 степени, во Битола - 4, во Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, Маврови Анови - 2, во Тетово, Велес, Гевгелија -1, во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Куманово и Претор 0, во Штип, Кавадарци, Крива Паланка и Охрид еден степен, на Попова Шапка три и во Крушево и Виница пет степени. 

Снег има само на Попова Шапка каде се измерени 15 степени. 

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.

Во Скопје, претежно сончево и топло со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 23 степени. ев/

Фото: Архива

Остани поврзан