Најмалку 93 лица го загубија животот во одрони и свлечишта во Индија, 250 лица се спасени
- Најмалку 93 лица го загубија животот денеска во одрони и лизгање на земјиштето во индиската држава Керала, јавија локалните медиуми.

Њу Делхи, 30 јули 2024 (МИА) - Најмалку 93 лица го загубија животот денеска во одрони и лизгање на земјиштето во индиската држава Керала, јавија локалните медиуми.
Обилните дождови предизвикаа бројни одрони, а жртви се главно работници на плантажите за чај и нивните семејства.
Досега се спасени 250 луѓе, а по одронот околу стотина семејства останаа без покрив над главата, јави локалната ТВ Азијанет. рп/
Фото: МИА архива