• среда, 14 јануари 2026

Најмалку 22 луѓе загинаа откако кран падна врз воз на Тајланд

Најмалку 22 луѓе загинаа откако кран падна врз воз на Тајланд

Бангкок, 14 јануари 2026 (МИА) – Најмaлку 22 лица загинаа денеска откако градежен кран падна врз воз во североисточниот дел на Тајланд.

Во несреќата поведени се 80 луѓе. Се претпоставува дека бројот на жртвите е поголем.

Возот, кој сообраќал од главниот град Бангкок до североисточната покраина Убон Рачатани, излета од шините откако кран падна врз еден од неговите вагони. ми/ссм/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан