• петок, 22 ноември 2024

Најмалку 216 жртви на циклонот „Фреди“ во Мозамбик и Малави

Најмалку 216 жртви на циклонот „Фреди“ во Мозамбик и Малави

Блантарј, 15 март 2023 (МИА) - Најмалку 216 луѓе загинаа во новиот наплив на разорниот циклон „Фреди“ во африканските земји Малави и Мозамбик, а очекувањата се дека бројот на жртви ќе продолжи да расте.

Властите во Малави денеска соопштија дека 199 луѓе ги загубиле животите откако циклонот во саботата вечерта по вторпат го погоди африканското копно, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето.

Претседателот Лазарус Чаквера прогласи вонредна состојба во јужниот регион на земјата и сега уништениот град Блантајр. Околу 19.000 жители се раселени од југот на земјата.

Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дужарик, денеска изјави дека со пружањето помош на жителите е оневозможено од недостигот на струјата и мрежа во погодените подрачја.

Засега не е можно спасувачките екипи да стигнат до најтешко погодените региони, така што се уште не е познат степенот на штетата.

Властите на Мозамбик синоќа соопштија дека 17 лица загинаа ширум земјата, а 1.900 куќи се уништени во крајбрежната провинција Замбези. Десетици илјади луѓе се уште се кријат во засолништа.

„Фреди“ денеска се очекува да предизвика екстремни врнежи од дожд во централниот дел на Мозамбик и јужниот дел на Малави, предвидува Метеоролошкиот центар на ОН.

Циклонот за првпат беше забележан на почетокот на февруари во близина на Австралија, од каде го премина целиот јужен дел на Индискиот Океан и сега е на добар пат да стане најдолготрајниот тропски циклон.сд/

Остани поврзан